(ФОТО) Е ова е сиромаштија – македонскиот третолигаш покажа колку пари има на сметка

Дека во македонскиот фудбал нема пари многу не е ништо ново. А особено ова важи за пониските лиги каде што се игра за од љубов.

Беспарицата зема се поголем замав, а тоа се одразува и на целокупниот спорт, вклучувајки го и фудбалот. Но сепак има се уште спортски фанатици и љубители на истиот коиа доброволно играат што се вели за од мерак.

Па таков е случајот со возобновениот клуб Ударникд од Пирава, место во близина на Валандово. Оваа година клубот се натпреварува во Третата лига Исток.

Во своите редови имаат неколку искусни имиња и со прволигашко искуство како Александар Тенекиџиев, Крсте Тодоров… Во првото коло на гостувањето во Берово претрпеа пораз од домаќинот Малеш со 2-1.

Но од клубот пред старот на сезоната, поточно на почетокот на месецот јавно побараа финансиска помош и ја покажаа сметката на клубот на која се гледа колку пари имаат.

-Почитувани, Ве информираме дека сметката на ФК Ударник моментално располага со износ од 101 денар. Сметката е отворена за донации за секој кој сака да допринесе за клубот и да учествува во следните активности. За секоја донација следува Благодарница.

На крајот на сезоната ќе биде објавен извештај за потрошените средства од донациите. Со почит, Управен одбор, стои во објавата на клупската фејсбук страна.