(ФОТО) Дончиќ одмора од кошарката со – шах

Љубителите на кошарката се изненадија од објавата на Инстаграм на суперѕвездата на Далас, Лука Дончиќ кој повеќе од еден месец не е активен бидејќи неговиот тим не успеа да се пласира во НБА плејофот.

Одамна е во својата татковина, повремено знае да замине на забави во Хрватска, но интересно е тоа што прави во слободното време. на фотографијата што ја објави на Инстаграм, тој е на бербер, а додека му ја прават фризурата, на својот телефон игра – шах.

Освен што ќе работи индивидуално на својата физичка подготовка, Дончиќ ќе го прави ова до крајот на јули бидејќи дотогаш нема никаков ангажман. Во тој период е планирано да почнат подготовките на словенечката репрезентација за Светското првенство што ќе се одржи во Индонезија, Филипини и Јапонија.