(ФОТО) Директно од патеката во Муџело: Рико задоволен од првиот тест со своето Порше

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков Рико и покрај неизвесноста поради ограничувањата на границите, сепак успеа да замине во Италија.

Вуков немаше време за губење, па сериозно пристапи од самиот старт каде што веќе го облече тркачкиот комбилизон и влезе со своето возило Порше Карера со кое ги извозе првите кругови на стазата во Муџело.

Македонскиот автомобилист како што е познато сезонава за првпат ќе вози во рамки на Порше Карера ГТ3 Купот со тимот на ГДЛ Рејсинг.

Утрово и попладнево Рико имаше можност да го тестира своето возило, но и подобро да ја запознае патеката каде веќе предстојниот викенд (18. и 19. јули) го очекува првата трка.

Денес на програмата беа официјалните тренинзи, односно најава на сезоната. По завршувањето на истите, Рико ги сподели првичните импресии.

„Денешнот тренинг е увертира за новата сезона и е незавесен од првата трка која што се вози викендов на истата патека. Денес извозев 300 километри, што е околу 60 круга. Патеката во Муџело е мошне брза, со брзи свиоци. Овде сезонава ќе се вози и трка од Формула 1. Моето возило беше одлично подготвено и сетирано. Јас имав идеална линија на движење, што за деби настап е добро. Единствен изразит проблем е при кочењето, односно прерано го правам тоа. Поради ова губам некои 2 секунди на времето по круг, нешто на кое ќе работам да го подобра“, истакна Вуков.

Денес Рико заврши на 14. место во конкуренција на 21 автомобил. Тој најоброто време по круг го постави со извозени 1:54:01 минута, а како за споредба првиот постави време од 1:51:00 минута.

Во сабота е првата трка со почеток од 16:00 часот, а истата ќе оди во директен пренос на МТВ, како и во недела кога започнува од 9:50 часот

Редакцијата на „Спортклуб“ дозволува превземање на овој текст.