(ФОТО) Џуџе меѓу џинови: Сите му се смејат на Лингард за слика од 2009 година

Џеси Лингард е еден од фудбалерите од школата на Јунајтед кои во моментов играат во првиот тим на „црвените ѓаволи“.

Англискиот репрезентативец често е цел на сеир поради својот младешки излезе, но дури сега сите му се смејат.

Причина е фотографијата од 2009 година кога како 17-годишник играл за У-19 тимот на Манчестер Јунајтед. Ај што е многу помал од играчите на Рома, туку и дресот му „шлапа“ на него, како да е 5 броја поголем.