ФОТО: Џани и кога не е со Лидс на терен, привлекува внимание – Алиоски доби урнебесни коментари!

Лидс Јунајтед е на добар пат кон финалето од плеј-офот за влез во Премиерлигата следната сезона.

Тимот од Иланд Роуд има предност од 1:0 во првиот натпревар, а и вечерва водат со 1:0 против Дерби Каунти на домашен терен.

Нашиот Езѓан Алиоски не е дел од овој натпревар, бидејки е повреден и сезоната за него е завршена.

Но тој е на стадионот вечерва и одблиску го следи настапот на своите колеги.

На Твитер дури имаше и една комична реакција или коментар од навивач на Лидс, кој напиша дека Џани колку и да се труди на терен, надвор од него, наликува на некој човек од Романија кој работи во автоперална.