(ФОТО) Денес уште еден ракометар му кажа збогум на Вардар

Актуелниот европски првак Вардар денес остана без уште еден ракометар откако од „црвено-црните“ си замина Словенецот Домен Сикошек Пелко.

Како што веќе беше претходно најавено, Сикошек Пелко кариерата ќе ја продолжи во Шпанија, во тимот на Ла Риоха.

Словенецот имаше само убави зборови и по пат на фејсбук се огласи каде што се збогуваше од Вардар.

„Скопје, ти благодарам за сè. Беше чест да се игра за голем клуб. Се надевам дека ќе се вратам еден ден. Имам многу спомени. Најдобрите навивачи во Европа“, напиша Пелко.