(ФОТО) Давид Луиз го нема во составот на Арсенал, стигна објаснување зошто!

Арсенал вечерва гостува кај Лидс на Езѓан Алиоски, а во составот на „топчиите“ не е бразилскиот интернационалец Давид Луиз.

Причината не е повреда или неодамнешниот инцидент со Дани Себаљос, туку нешто сосема трето, а убаво. Од клубот, на социјалните мрежи објавија дека сопругата на Луис се породила и на свет донела девојче.

Арсенал му дозволи на својот фудбалер да не патува во Лидс и да остане со своето семејство во овие прекрасни моменти.