(ФОТО) Дали оваа СЕКСИ БОМБА ќе биде нова газдарица на Манчестер Јунајтед

Саудискиот принц Мохамед Бил Салман моментално се наоѓа во центарот на вниманието поради интересот за купување на Манчестер Јунајтед.

Последните информации кои кружат велат дека Бин Салман веќе го купил тимот од „Олд Трафорд“ после неодамнешниот состанок со челниците на клубот, но дека оваа информација моментално се држи од јавноста.

Како и да е, саудискиот принц наводно е во врска со американската глумица Линдзи Лохан која очигледно би можела наскоро да стана газдарица на „црвените ѓаволи“.

Поедини американски медиуми тврдат дека тие двајца веќе неколку месеци се во романтична врска, додека од Саудиска Арабија тврдат дека тоа не е точно.