(ФОТО) Дакар ја однесе првата жртва, настрада вицешампионот од 2015-та

Годинешното издание на релито Дакар не можеше да мине без трагични последици. Смртно настрада 40-годишниот португалски мотоциклист Пауло Гонсалвеш.

Гонсалвеш кој во 2015. година беше второпласиран, животот го загуби за време на седмата етапа откако падна на 276. километар на посебниот тест.

Кога на местото на несреќата пристигна итната помош искусниот возач не даваше знаци на живот, по обидите за реанимација префрлен е до болница каде е констатирана смрт.

Португалскиот мотоциклист во 2013. година победи на сите трки возени на земјена подлога, а на релито Дакар дебитираше уште во 2006. година.

Досега во четири наврати најпознатата рели трка на светот ја завршуваше во топ 10, а по шест етапи во годинешното издание беше 46. во генералниот поредок.