(ФОТО) Чудото на Роналдо од 13 милиони евра подготвено за отворање

Кристијано Роналдо реши да инвестира дел од парите што ги заработи во луксузни хотели.

Ѕвездата на Јувентус веќе поседува неколку хотели, а на 7 јуни се отвора веројатно најлуксузниот хотел Pestana CR7 Gran Via Madrid во Мадрид.

Португалската sвезда вложи дури 13 милиони евра во овој луксузен хотел, кој конечно се отвора на 7 јуни, и сигурно е дека сè ќе блесне со луксуз.

Хотелот на Кристијан ќе има 168 луксузни соби, а хотелот е распореден на 10 ката. Гостите ќе имаат на располагање апсолутно се што сакаат и сигурно овој луксузен хотел ќе го привлече вниманието на оние кои можат да си дозволат скапоцени ноќ во хотелот.

Интересно е што деветтиот кат во хотелот ќе биде отворен за сите. Таму „обичните“ граѓани ќе можат да ги пробаат специјалитетите на хотелот, а ќе има и спортски бар.