Големата награда на Емилијо Ромање во Имола нема да се оддржи овој викенд поради екстремните временски неприлики во северниот регион од Италија.
Обилните врнежи направија сериозни проблеми и поплави на оваа патека, па цел Ф1 караван сега се поместува кон следната Ф1 трка.
„Донесена е одлука да се одложи трката бидејки нема можност да се оддржи трката“, соопштија вчера од Ф1.
Организаторот се обиде да поправи дел од патеката, но сето тоа беше со обилни проблеми, така да беше невозможно да се направи услов за оддржување на трката.
Во моментов патеката се користи за кану атракција, така едни навивачи на Ферари беа уловени од фоторепортерите.
#SkyMotori #F1 #Formula1 #EmiliaRomagna #EmiliaRomagnaGP https://t.co/kWk77xsfIr
— Sky Sport F1 (@SkySportF1) May 18, 2023