(ФОТО) Човекот си има апетит: Германците останаа шокирани од тежината на Милосављев

Веќе екс чуварот на мрежата на Вардар, Дејан Милосављев ги започна подготовките со новиот клуб, Германски Фуксе Берлин. Но веќе на првиот тренинг се соочи со проблеми. Србинот преку лето на себе закачил многу килограми плус.

Кондицискиот тренер на екипата, Карстен Кенбрек изрази голема загриженост поради прекумерната тежина на новиот голман и јавно му испрати критика

„Неговата тежина му носи ризик за повреда на тренинзите. Сигурно дека да можам нда го натераме Дејан да се спушти под 100 килограми, но ќе мора да намали барем десетина килограми“, вели Кенбрек.

Како што јавуваат медиумите, Милосављев во моментов е тежок неверојатни 135 килограми, па ќе мора летово добро да се запоти.