(ФОТО) Членот на Вардар го предизвика Конор Мекгрегор

Капитенот на фудбалскиот клуб Вардар, Филип Гачевски на својот профил на „Фејсбук“ сподели една интересна фотографија, со уште по интересна порака.

Гачевски позираше гол од појасот нагоре во една боксерска поза, а при објавување на фотографијата напишта:

„Те чекам“ и го тагираше еден од најдобрите борци на денешницата, Ирецот Конор Мекгрегор.

Интересен предизвик од Гачевски кој во моментот е на подготовки со својата екипа за пролетниот дел од сезоната.

Te cekam😉😜👊🏼Conor McGregor

Gepostet von Gača Gača am Sonntag, 12. Januar 2020

Ирската УФЦ ѕвезда, Конор Мекгрегор ќе го има својот долгоочекуван камбек во кафезот против Доналд Серон на 18 јануари, и во последното интервју за „ЕСПН“ тој вети дека ќе биде „спектакуларно“ од почеток, но уште понеочекувано изрази почит кон противникот, што не е негова добра страна во минатото.