(ФОТО) Честитката на Марсело за Модриќ стана вистински хит, за многумина превод не е потребен

Бразилскиот лев бек Марсело му честиташе на Лука Модриќ за освојувањето на „Златната топка“ преку Инстаграм.

Играчот за врска на Реал синоќа ова признание го освои за време на церемонијата во Париз и со тоа ја прекина доминацијата на Кристијано Роналдо и Меси.

На адреса на хрватскиот фудбалер пристигнаа бројни честитки, а најинтересна беше онаа од Марсело кој на Модриќ одлучи да му честита на хрватски јазик.

„Лукита мој… Ти си мој постар брат… Знам колку се трудеше да го постигнеш ова ненадминливо доживување! Пресреќен сум поради тебе Лука мој!“, напиша Марсело.

Во пишувањето сигурно му помогнал и самиот Модриќ со оглед на тоа дека еден Бразилец и по користење на алатката „гугл транслејт“ тешко би се снашол да напише вакво нешто.