(ФОТО) Борко Ристовски: Малку да пливаме, доста беше сунчање

Борко Ристовски на стари години не можеше да замисли подобар камбек во најелитната Бундеслига.

Два меча и две победи во дресот на својот нов клуб Лемго. Откако на дебито го урна големиот Кил, Борко сега со своите нови колеги славеше нова победа.

Овојпата Лемго го зема скалпот и на Минден со резултат од 30-27. Ристовски оствари три одбрани од 12 упатени шута кон неговиот гол

Утрово сподели една славеничка фотографија на Инстаграм и во негов стил напиша: Малку да пливаме, доста беше сунчање