(ФОТО) Аврамовски по мечот со Шкендија покажа што носеше под дресот

Вардар во денешниот дерби меч со ривалот Шкендија одиграа реми од 2:2, со што ја задржаа предноста од осум разлика. „Црвено-црните“ ја завршија есента со 36 бода, односно осум повеќе од Шкендија и со предност ќе го почнат пролетниот дел од сезоната следната година.

Најдобриот стрелец на Вардар оваа полусезона, Даниел Аврамовски кој има 10 гола, денес не се запиша во листата на стрелците, а по мечот го соблаче дресот и покажа што носеше.

Станува збор за бела маичка на која стоеше стих од познатата македонска народна песна – „Бисер балкански“

„Само една има вистина, има една Македонија, делете ја, парчете ја, па ќе биде наша најмила“.