(ФОТО) Апсолутно неспортски: Португалските медиуми ја игнорираа Златната топка

Кристијано Роналдо не го освои најголемото индивидуално признание во светот и тоа многу ги налути медиумите во неговата земја, особено спортските.

Најтиражните спортски весници ја игнорираа церемонијата и имаат едвај штури информации за она што се случуваше на доделувањето на Златната топка.

Иако Модриќ фигурира на насловните страници на речиси сите респектабилни весници, А Бола во преден план ја има победата на Спортинг против Рио Аве во последното коло од домашното првенство. Под таа вест, има едвај мало коцкиче со Лука Модриќ и неговата награда.

По церемонијата, на интернет страницата на весникот има неколку информации и занимливости за Модриќ, но и утринава, А Бола почна со интервју со Арјен Робен.

Весникот Рекорд отиде уште подалеку и воопшто не објави фотографија на Модриќ со Златната топка на својата насловна. На сајтот има видео од доделувањето на наградата.