Лука Јовиќ за 28 минути постигна идентичен број голови колку за 18 месеци во тимот на Реал Мадрид.
Откако остана во немилост на Зинедин Зидан, Србинот минатата недела се врати во својот поранешен клуб Ајнтрахт каде ќе настапува како позајмен играч до крајот на сезоната и веднаш ги покажа своите квалитети. Постигна два гола во победата на неговиот тим со 3-1. Ајнтрахт, преку својот Твитер профил веднаш се јави со порака за Зидан.
Tan solo había que ponerlo… ¡Qué gran vuelta a casa, Luka! ⚽️⚽️ #JovicIsBack pic.twitter.com/sqctIjHetd
— Eintracht Frankfurt (@eintracht_esp) January 17, 2021
„Требаше само да го ставиш во игра. Какво прекрасно враќање“, напиша администраторот на бундеслигашот, алудирајќи на малата минутажа на Јовиќ во тимот на Реал.