Формула 1 тимот на Мерцедес ја промени бојата за поддршка во борба против расизмот

Тимот на Мерцедес во Формула 1 ја поддржа борбата против расизмот, презентирајќи ги новите бои на нивниот автомобил за сезоната 2020. W11 ќе биде во црна боја, а не како порано во вообичаената сребрена боја.

„Многу е важно да се искористи овој момент и да се направат значајни промени во општеството“, рече светскиот шампион Луис Хамилтон.

Новиот болид ќе дебитира овој викенд на Австриското ГП на 5 јули.

„Протестите на движењето ’Black Lives Matter’последните пет месеци фрлија светло на потребата на нови мерки во борбата против расизмот и дискриминацијата. Последните неколку недели ја слушнавме перспективата на нашите членови, за да поставиме план кон иднината“, се вели во соопштението на тимот.