Формула 1 нема да се вози во Канaда – познато која патека ќе биде замена

Формула 1 ги потврди промените во календарот за тековната сезона.

Големата награда на Канада нема да се вози ниту оваа година, а патеката во Турција беше избрана за замена од 11 до 13 јуни.

Оневозможувањето за организирањето на трката е затоа што влегувањето во Канада бара 14-дневен престој во карантин

Трката во Формула 1 се одржа и минатата година во Истанбул, по девет години пауза. Тогаш Луис Хамилтон стигна до својата седма светска титула.

„Иако сме разочарани што не можеме да организираме трка во Канада, возбудени сме што Турција ќе биде домаќин на Гран при по неверојатната трка минатата година“, рече Стафано Доминикали, претседател и извршен директор на Формула 1.

Во оваа прилика Доминикалс им се заблагодари на турските власти што излегоа во пресрет на Формула 1 и покажаа голем интерес за „најбрзиот октански циркус“ во светот.