Дека е мајстор за фудбал и во својата четврта деценија потврдува и поранешниот германски репрезентативец Лукас Подолски.
Прославениот напаѓач на 4 јуни ќе наполни 38 години, но тоа не го спречува и понатаму да држи лекции на фудбалските терени.
Во натпреварот од 25. коло на полската елита, поранешниот голгетер на Келн, Баерн Минхен и Арсенал покажа дека има уште многу да им објасни на противничките голмани.
Лукас моментално настапува за Горњик, а во триумфот над Висла од Плоцк двапати погоди Подолски.
Сепак, со мајсторија во 61. минута потсети на најубавите денови во кариерата, кога постигна спектакуларен гол од слободен удар. Ја постави „целта“ и на повеќе од 20 метри го „собра пајакот“ од противничкиот гол.
Во продолжение Подолски беше прецизен и во 87. минута, кој со нов „шут“ му ја донесе победата на Горњиник. Германскиот ас со полско потекло сега е на квотата од седум гола и исто толку асистенции, по 24 натпревари во националниот шампионат.
W tym meczu było wszystko! 😍#GÓRWPŁ 3:2 pic.twitter.com/dwHMUOJBJ9
— PKO BP Ekstraklasa (@_Ekstraklasa_) March 17, 2023