Форбс ја објави листата на десетмината најплатени спортисти

Лионел Меси, ѕвездата на ПСЖ и аргентинската репрезентација и според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, бил најплатениот спортист во изминатите 12 месеци со заработка од 125 милиони евра, објави американскиот магазин Форбс. Десетмината спортисти со најголеми заработки во тој период заедно се доближиле до бројката од милијарда евра.

Зад Меси е сезона каква што не памети, барем кога станува збор за напаѓачкиот учинок. Според податоците на „Софа Скор“, Меси е играч со најслаба ефикасност меѓу сите напаѓачи во најсилните пет европски лиги, а да се обиделе да стрелаат од најмалку 60 удари. Неговиот процент на реализација е катастрофални 5,4 проценти, односно Меси дава гол по отприлика секој 19-ти удар кон противничкиот гол.

Тој за ПСЖ постигнал само четири погодоци сезонава, а клубот за оваа сезона му исплатил 72 милиони евра, додека остатокот до 125 милиони воглавно ги добил од спонзорите.

На второто место на таа листа се наоѓа Леброн Џејмс со заработка од 116 милиони евра. Лос Анџелес Лејкерс за својата ѕвезда издвоиле 40 милиони евра плата, додека 76 милиони заработил надвор од паркетот. Со Меси и Џејмс, единствениот спортист кој во ова издание на листата на Форбс ја пробил границата од 100 милиони евра е Кристијано Роналдо со 110 милиони евра.

По него следуваат Нејмар (95 милиони долари), Стеф Кари (92), Кевин Дурент (92), Роџер Федерер (90,7), Кансело Алварез (90), Том Брејди (84), Јанис Антетокумбо (81).