Флорентино: Не криеме, сакаме Французи

Претседателот на Реал, Флорентино Перес откри дека е можно идното лето на Бернабе да дојдат француски репрезентативци.

Во последниот преоден рок интересен за Реал беше Пол Погба, но навивачите очајно го посакуваа Килијан Мбапе кој на крајот остана во ПСЖ. Тој има предност пред Погба.

„Не криеме дека сакаме Французи, но мислам дека Мбапе во моментов е подобра опција за нас. ПСЖ не сака да го продаде, ако посака некогаш, ние сме тука“, изјави Перес.