Флик е сепак задоволен и има посебна замисла за реваншот во Париз

Баерн Минхен ќе има полни раце работа во реваншот против ПСЖ во Париз.

Соочени со отсуството на најдобриот во нападот, Роберт Левандовски, тимот на Баерн Минхен како да крахираше во нападот и тоа го искористи на спротивната страна ПСЖ.

Гостите поведоа со 0:2, а домаќините успеаја некако да дојдат до егал на 2:2, за потоа Мбапе им ја обезбеди победата која е исклучително важна, бидејки се постигнати три гостински голови.

Од друга страна, тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик, не е до толку незадоволен од претставата на своите фудбалери.

Ни дадоа три гола од неколкуте шанси кои ги имаа, додека ние ги прегазивме со шанси. Можевме да имаме и подобар резултат, но не бевме ефикасни. Без оглед на се, задоволен сум од настапот на екипата и начинот на кој одигравме“.

„Промашивме доста шанси, но начинот на кој пристапивме за мене е импресивен. Не сакам да губам, како и секој тренер, но ако веќе губиме тоа нека биде на ваков начин. Ако го погледнеме овој натпревар, може да очекуваме подобар резултат во Париз“, порача Флик.

Реваншот се игра на „паркот на принцевите“ во вторник.