ФК Вардар до ФК Железничар: Од срце им благодари

ФК Вардар излезе со соопштение до јавноста во кое вели:

Пријателството тешко се здобива, а лесно може да се загуби. Затоа треба да се чува, како нежен цвет кој постојано треба да цути.

Вардар во своите години создавал пријателства со поединци, клубови, институции, многу пошироко од нашиот регион. Еден од таквите цветови на пријателство во Вардаровата градина е и Сараевскиот клуб Железничар, со кого се биени неброени спортски битки, со сиот плам, желбата за победа и спортскиот дух.

Току затоа тие се повикани да го одбележат и збогатат славјето за убавиот ден 75-тиот роденден на нашиот клуб, и 35-тиот на нашата навивачка група Комити Запад.

Со верба дека ќе го паметат денот кога заеднички го славевме нашето славје, фудбалскиот клуб Вардар на своите пријатели фудбалскиот клуб ФК Железничар од срце им благодари што со своето присуство покажаа дека пријателството и меѓусебната почит градени со децении можеби стареат, но не се губат и се пренесуваат на новите генерации