Тајсон Фјури беше видно разочаран затоа што Дионте Вајлдер одби да му честита по победата во рингот.
Британецот победи со технички нокаут во 11. рунда и на тој начин втор пат последователно го победи Вајлдер, со што ја задржа WBC титулата.
На прашање да прокоментира тоа што Вајлдер одби да му честита, Фјури порача:
„Идиот, Дионте Вајлдер нема никаква љубов и почит кон мене, затоа што три пати го добивам. Јас сум спортист, бев кон него да му покажам почит и тој не сакаше да возврати. Тоа е негов проблем, ќе се молам на бога да му омекне срцето“, порача Фјури.