Фјури е непобедлив: Британецот го доби спектаклот во Лондон против Чисора!

Британскиот боксер Тајсон Фјури, ја одбрани титулата во тешка категорија, совладувајки го сонародникот Дерек Чисора.

Непоразениот шампион дојде до својата 33. победа во кариерата во која има и нерешен исхоф. Од друга страна, Чисора синоќа го запиша 13. пораз во кариерата, а има и 33 победи.

Спектаклот во Лондон го гледаа повеќе од 60 000 гледачи, а се оддржа на стадионот на Тотенхем.

Чисора добро влезе во овој натпревар, имаше добар старт, но потоа брзо Фјури ја презема контролата и во втората рунда сериозно го разниша Чисора. Во третата рунда Фјури потполно доминираше и вистинско чудо е како Чисора остана на сопствените нозе, додека четвртата рунда беше изедначена.

Фјури беше подобар ривал во 5 и 6 рунда, па беше јасно дека Чисора нема овде на што да се надева. Мечот беше прекиат во 10 рунда кога Чисора потполно разочара и не можеше веќе да го следи темпото на противникот.

Ова беше трета меѓусебна бора на британските боксери, а во сите три славеше досега Тајсон Фјури. Првиот меч беше одржан во јули 2011 година, а потоа дури во ноември 2014 година.