Финишот на квалификациите донесе луд расплет: Карлос Саинц на пол

Квалификациите во Силверстоун за утрешната ГП трка поминаа со доста возбудувања.

Во последниот круг од квалификациите видовме вистинскихаос. Верстапен беше прв и се бореше со Леклер за пол-позицијата, но во тоа ги надмудри и двајцата, вториот возач на Ферари, Карлос Саинц.

Возачот на Ферари беше одличен во последниот круг и дојде до првата пол-позиција во кариерата, па на крајот ни сам не веруваше дека заврши прв.

Верстапен кој водеше во квалификаците, утре ќе стартува од втората позиција. Леклер заврши како третоласиран, а во топ10 место имаше уште и за Серхио Перез, Луис Хамилтон, Норис, Алонсо, Расел, Жу и Латифи.

Денес тотално потфрлија возачите на Хас и Алпина кои својот настап го завршија претходно, па утре ќе стартуваат меѓу последните возачи.