Финале за Џенова и Пандев – меч кој живот им значи, борба за нова сезона во Серија А

Денеска е денот Д за Џенова која мора да победи доколку сака да обезбеди нова сезона меѓу елитата во Серија А.

Џенова е на самата опасна зона, на бод предност од местото кое води во понизок ранг, а денешниот противник им е Верона која е деветтопласирана.

Од друга страна, 18-то пласираниот Лече кој им е единствена опасност на Џенова денеска игра на домашен терен против Парма, која е безбедна на 11-та позиција.

Горан Пандев и Џенова не смеат да калкулираат и од првата минута мора да тргнат по последна победа оваа сезона која ќе им обезбеди радост и нова сезона во Серија А.

Но во случај да не успеат да победат, Џенова во тој случај ќе стиска палци за Парма барем да земе бод или да победи на гостувањето кај Лече.