Финале без проблеми за Ѓоковиќ: Седми триумф на српскиот ас на завршниот мастерс турнир

Тенисерот број1, Новак Ѓоковиќ, вечерва без поголеми проблеми, славеше во финалето против домашниот тенисер Јаник Синер, во финалето во Торино.

На завршниот АТП мастерс турнир, победник е Новак Ѓоковиќ, откако во финалето го победи во два сета (6-3,6-3) Јаник Синер.

Уште од стартот од мечот беше јасно дека приматот фаворит е во рацете на Новак Ѓоковиќ, а тоа го потврдува и резултатот.

После долгата сезона во која Ѓоковиќ освои три гренд слем трофеи, а подигаше трофеи и во Аделаида, Синсинати и Париз, обичен човек би помислил дека сега е време до јануари кога ќе почне Австралија Опен.

Но од одморот нема ништо, барем не уште некое време. Ѓоковиќ од утре или вторник ќе и се приклучи на Дејвис куп репрезентацијата на Србија.