ФФМ повторно на „удар“: Клубовите се кренаа – бараат промени

ФФМ доби нов претседател, но работите никако да се стабилизираат. Иницијативниот одбор од претставници на клубови, поранешни фудбалери и судии, денеска јавно побара Законот за спорт да биде практикуван и во работата на Фудбалската федерација на Македонија.

Како што велат од одборот, Законот за спорт предвидува директно вклучување на фудбалските клубови од ПМФЛ и ВМФЛ, во самото Собрание во организацијата на директното собрание, нешто што не е моментален случај во Македонија.

„Клубовите се тие што се застапени во фудбалот, инвестираат и сакаат да бидат директни чинители во застапеноста на Собранието и одлуката на работењето на ФФМ. Се пушти едно писмо кое на различен начин се коментираше низ медиумите. Имавме состаноци, за да расчистиме што тоа значи. Бараме законите да важат подеднакво, како за клубовите, така и за федерациите. На два дена пред Собранието на ФФМ, беше обелоденето дека статутот не е усогласен со Законот за спорт. Ние клубовите се согласивме дека сакаме да има законско работење, како што тоа го прават клубовите, така тоа да го прават и Федерациите“, изјави Миле Спиркоски, претставник на клубовите во Иницијативниот одбор.

Зад оваа иницијатива досега застанаа екипите на: Брегалница, Победа, Работнички, Беласица, Пелистер, Академија Пандев, Детонит Јуниор, Кожув, Тиквеш, Плачковица, Каменица Саса, Вардар Неготино, Скопје, Партизан Обршани и Борец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова жртва и трагедија во семејството Сала: Ништо не е веќе исто за нив овие неколку месеци

Адебајор раскажа анегдота: Како Мурињо беснееше во соблекувални поради Роналдо

Силна најава на Скај Спорт: Азар и Погба во пакет кај Зидан

Вирусот повторно актуелен – Рој Кин анализира што ќе му направат на Оле Солскјер

Јанев до пред неколку месеци беше незаменлив во Беласица, а пред него сега е најважната животна битка

Тито Виланова на шест дена пред смртта го повикал Меси и со својот потег ја спасил Барселона

Првиот фудбалер кој летово ќе го напушти Јунајтед, ќе се пресели во Арсенал?!

Докторот му најавил дека ќе умре, а тој почина следниот ден за време на натпревар

Потврдено: Барса подготви огромна сума на пари за ѕвездата на преодниот рок