ФФМ го закажа и објави датумот на годишното собрание

Фудбалската федерација на Македонија, поточно Управниот одбор (УО) вчера донесе одлука редовното годишно собрание на федерацијата да се одржи на 21. март во Скопје во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Датумот е само пет дена пред историскиот дуел со Косово, а делегатите ќе заседаваат на редовна седница.

На седницата на УО беа донесени уште неколку одлуки. Распределени се средствата од дополнителниот УЕФА солидарен фонд на клубовите од ПМФЛ од натпреварувачката сезона 2018/19.

Усвоени се извештаите на постојаните комисии на управниот одбор и буџетот на Фудбалската федерација на Македонија за 2020 година.