Фетел тврди дека сега бил подобар од времето во Ред Бул: Фанови на Ферари нема да се согласат

Себастијан Фетел сезонава се раздели со Ферари, а веќе од следната ќе вози за Астон Мартин.

Германецот беше дел од Ферари 5 сезони но никако не успеа да дојде до титула со „црвените“ од Маранело, иако тој тврди дека сега е подобар возачки во однос на времето поминато во Ред Бул.

За волја на вистината, тој со „лименките“ освои четири титули по ред, беше најмлад Ф1 шампион во тој период, но сега смета дека бил далеку подобар од тој период.

Искрено, многу се променив од тој период во Ред Бул. Сега сум подобар возач, со повеќе искуство. Имам јасна слика околу тоа што е потребно да направам за време на возањето“.

Во Ферари секоја трка се очекува триумф. Во Астон Мартин ќе пишувам ново поглавје. Секој освоен бод ќе биде драгоцен. Се надевам дека наскоро ќе бидеме конкуренти со водечките екипи“, истакна Фетел.

Но голем дел од фановите нема да се согласат со констатацијата на Фетел дека тој е сега подобар од порано, бидејки последните две сезони со Ферари тој целосно се загуби во својот шампионски идентитет, правеше несфатливи грешки на патеката, рамни на почетник во овој спорт.