Фетел си замина од Ферари, ќе ја напушти ли и Ф1?

Директорот на Ферари, Матија Биното смета дека Себастијан Фетел и натаму чувствува страст кон Формула 1, но дека не знае каде и дали воопшто ќе вози идата сезона.

„Мислам дека е исправно и за него и за нас што ја раскинавме соработката. Тој е одличен возач и сигурен сум дека ќе го направи вистинскиот избор. Сепак, не знам каде ќе биде идната година“, изјави Биното.

Фетел беше член на Ферари од 2015 година, но не успеа да освои шампионска титула и остана на четирите со тимот на Ред Бул.