Фетел се обиде да направи споредба: Шумахер или Хамилтон?

Себастијан Фетел беше еден од првите возачи кој успеа да му честита на Луис Хамилтон нова шампионска титула, уште пред да излезе од својот болид.

Хамилтон со седмата титула, се изедначи со легендарниот Ф1 возач од минатото, Михаел Шумахер, а Леклер по трката даде свој коментар околу тоа кој може да биде подобар.

Хамилтон е секако најдобар во нашата ера, фантастичен е, но тешко е да се прават споредби во различни ери на возење, тоа е невозможно. Луис направи неверојатни работи во нашата ера и не треба да биде споредуван, тој е најдобар во нашата, Михаел Шумахер во својата генерација, тоа е тоа“, порача Фетел.

Германскиот возач од следната сезона го напушта Ферари и ќе вози за Астон Мартин.