Фетел открива дека Астон Мартин дошле во последен час – имал друга опција

Вчера беше официјално потврдено дека Себастијан Фетел останува во Формула 1 и од следната сезона дека ќе вози за Астон Мартин.

Долго се шпекулираше дали Германецот останува во најбрзиот авто-мото циркус или ќе се повлече, но според неговата изјава, Фетел открива дека бил блиску до одлуката да ја напушти Ф1.

Размислував долго за опцијата да ја напуштам Ф1. Чувствував дека доколку добијам нова шанса, да останам во Ф1. Мислам дека мојата преселба во Астон Мартин ќе биде добар доказ дека го направив вистинскиот чекор. Сезонава овој тим имаше добри резултати, а јас следната година ќе се обидам да дадам се од себе за подобри резултати и да одиме напред“, порача Фетел.

Германецот по освоените 4 титули со Ред Бул, во Ферари имаше период кој ќе сака дефинитивно да го заборави, со тоа што бележеше послаби резултати и не успеа да дојде до 5-та титула, па можеби ќе успее формата да ја ревитализира во новиот тим.