Фетел: Луис Хамилтон е веќе возач на Ферари!

По завршување на Ф1 сезоната, Себастијан Фетел од Ферари, саркастично прокоментира дека Луис Хамилтон е скоро нов возач на нивниот тим, пред се поради интензитетот на шпекулациите.

Фетел се обиде да биде комичен, алудирајки дека премногу се вртат такви шпекулации оваа сезона во Ф1.

Мислам дека Луис Хамилтон е веќе возач на Ферари, нели?“, саркастично одговори Фетел кон новинарите.

Од друга страна, пред последната трка сезонава, Матиа Биното од Ферари истакна дека се задоволни од постоечкиот возачки кадар и дека не планираат замена, но со оглед на тоа дека Фетел ќе ја вози последната сезона од неговиот договор, а Хамилтон е слободен од 2021 година, може да даде сериозна индикација дека е можен трансфер.