Фетел крајно разочаран од крахот на Ферари во гаражата

Ферари денеска доживеа невиден пех во квалификациите, иако многу се очекуваше, сепак црвените од Маранело повторно киксираа.

На неофицијалните тренинзи Ферари имаше предност во однос на конкуренцијата, но во квалификациите комплетно потфрија со дефекти на двата болида.

Прво Себастијан Фетел остана во Q1 во гаражата и утре ќе стартува од последниот ред, додека Леклер не успеа да направи време во Q3 и ќе стартува од 10 позиција.

Кај Фетел разочарувањето е од огромни пропорции, пред се поради домашната публика.

Ова е голем удар за мене и екипата, и се радував на оваа трка дома. Болидот ни беше добро подготвен, но ете, се случија проблеми. Мора да сфатиме што ни се случи, за ваква ситуација да не ни се повтори во иднина. Многу сум разочаран затоа што болидот е навистина брз“, констатира Фетел.

Пол позицијата му припадна на Луис Хамилтон, додека како втор ќе тргне Макс Верстапен.