Фетел испрати новогодишна желба – Ферари треба тоа да му го испорача

Себастијан Фетел верува дека доколку Ферари испорача за нијанса побрз болид оваа година, можат да го победат Мерцедес во рамноправни услови на патеката.

Тој скоро до средина од минатата сезона, имаше водство пред Луис Хамилтон, но неколкуте индивидуални грешки кои ги направи на дел од патеките, како психички да влијаеа на него и од тогаш Германецот не беше ист на патеката.

Честопати се обидуваше да најде причина во болидот, дека Ферари сепак нема доволно конкурентен болид, но сепак, тој падна на она каде требаше да биде најсилен, со менталниот склоп, каде сигурно Хамилтон е многу посилен.

Мислам дека ни треба посилен пакет. Имавме одредени наши моменти минатата година, кога имавме силен болид на трките, но имавме трки на кои и не бевме доволно добри, не бевме доволно брзи, па мислам дека тоа ја реши сезоната. Луис Хамилтон имаше неверојатен болид, па доколку Ферари испорача брз болид во новата сезона, може да се надеваме на нешто повеќе“, порача Фетел.

Тој од сезонава ќе има и нов тимски колега, бидејки Ферари го напушти Кими Раиконен, а на негово место доаѓа младиот и надежен Чарлс Леклер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Ферари „луди и збунети“ – имаме проблем, а уште не ни е детектиран!

Освоен е „Пол Ришар“ – Хамилтон гази кон нова титула – конкуренцијата далеку зад него

Иџе имаше подуим: но ТЦР му даде 25 секунди казна – тој во знак на револт се паркира во бокс

Му ја украдоа победата на Иџе, па жестоко удри по Италијанците

Нова пол-позиција за Хамилтон, Фетел седми

ЛИНК за следење на трката на Иџе

Алонсо најави можен камбек во Ф1: Ако се случи ова, еве ме назад!

Од Ферари открија дека се далеку од Мерцедес, но и колку им треба за да ги стигнат

Маранело момците не се помируваат со одземената победа – испратено ново барање до ФИА