Фетел го призна она што лебдеше во воздух деновиве: Ех да беше Михаел Шумахер сега овде..

Себастијан Фетел е блиску, на чекор да ја загуби и годинешнава титула во шампионатот, пред се поради неговата неконстантност, расеаност и во одредена мера, аматеризам во моменти кога е под притисок од конкуренцијата.

По киксот во Хокенхајм, Германецот како да не е оној истиот возач како од почетокот на сезоната, па се повеќе грешки прави, од кои и во Ферари се разочарани и изненадени, иако тоа јавно не го прокламираат.

Фетел сега заостанува 40 бодови во генералниот поредок зад Луис Хамилтон на 6 трки до крајот, а за да го стигне, ќе му бидат потребни барем две врзани победи, под услова, Хамилтон и двете да не ги заврши барем не на првите 6. позиции, за Германецот да дојде во егал ситуација.

Сега Фетел признава дека со задоволство би барал совет од Михаел Шумахер во овој момент доколку тој бил на здрави нозе.

Доколку тој сега беше здрав и меѓу нас, јас ќе побарав совет од него. Не за тоа како да возам, туку зад вистинската сцена, околу тимската работа во Ферари и Ф1 регулативите. Тој има огромно искуство од времето со Ферари“, истакна Фетел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Ред Бул удрија по ФИА: Мерцедес е секогаш заштитената страна!

Ферари се чудо – направиле голем кикс поради кој Фетел можел да го загуби и 2. место во Канада

(ВИДЕО) Два моменти се клучни во целата ситуација: Познато е зошто Фетел доби казна

Ферари сака да го врати ударот, но фактите се против него!

Хамилтон објаснува: Зошто Фетел не е во право што е лут на одземената победа

Фетел не сака да прифати што му направија од ФИА: Ова не е спортот во кој се заљубив

Џентлменот Хамилтон – барем го утеши Фетел!

ФЕТЕЛ ДАЛИ СИ СЕРИОЗЕН: Германецот по трката го има „нај-моментот“ во Канада

Тензичен крај во Канада – Фетел одби да даде изјава, но по тимско радио удри по ФИА