Фетел – Ф1 возач кој можеби треба да го пратиме во Ресен на пракса!

Германскиот Ф1 возач и четирикратен шампион, Себастијан Фетел, откри со што се занимава кога е послободен периодов во време на рестрикции, предизвикани од Ковид19.

Натпреварувањето во најбрзиот авто-мото караван минатата сезона требаше да почне во Австралија, но поради тоа што трката не беше возена на таа патека, шампионатот стартуваше во Австрија, почетокот на јули.

Фетел откри со што се занимавал тој период.

Имав доста време од тоа што ми беше планирано. Размислував што да работам и со што да се занимавам. Ме интересира земјоделството, станав доста заинтересиран за таа гранка, пред се поради свежа исхрана. Ќе сфатите дека овошјето кое го одгледувате не е исто кога го имате и кога го купувате. Секоја јаболка не содржи иста хранлива состојка, затоа ја искористив шансата, да дознаам нешто повеќе околу тоа и да одгледувам јаболки и друго овошје. Ми беше доста интересно“, порача новиот возач на Астон Мартин.

Со оглед на тоа дека во ресенскиот регион во Македонија, доминира сеидбата на овошје, пред се на јаболко, Фетел можеби би можел да дојде на пракса во овој крај од Македонија.