ФЕТЕЛ ДАЛИ СИ СЕРИОЗЕН: Германецот по трката го има „нај-моментот“ во Канада

Себастијан Фетел е фуриозен денеска по одземената победа од страна на стјуардите на ФИА во Канада, а победник на оваа трка е и официјално Луис Хамилтон.

Германецот не сака да ја прифати казната на ФИА и одземената победа на зелена маса, па откако не сакаше да даде изјава пред насобраните фанови, тој продре низ боксот на Мерцедес и дојде на местото каде ги паркираат болидите, за потоа да го направи најмоментот на оваа трка.

Тој дојде до болидот на Хамилтон, и бројчето кое стоеше над неговиот болид #1, го одзема и го стави на местото каде стоеше болидот на Ферари, таа реакција наиде на аплаузи но и дел од нив упатија свирежи кон гневиот возач на Ферари.