Ферстапен со фантастичен финиш му ја „украде“ победата на Леклер и славеше во Австрија

Холандскиот возач во болидот на Ред Бул Макс Ферстапен денеска ја оствари првата победа во актуелната сезона.

Иако стартуваше од второто место, Ферстапен имаше навистина фантастична трка во чиј финиш успеа да дојде до триумфот во трката за Големата награда на Австрија.

Во водство беше младиот возач на Ферари Шарл Леклер, но Ферстапен во самиот финиш успеа да го стигне и на три круга пред крајот да го престигне.

Во таа прилика имаше мали дилеми дали Холанѓанецот тоа го направи на прописен начин со оглед на тоа дека го „истурка“ Леклер од патеката, но сепак помина без казна.

Леклер на крајот мораше да се помири со второто место, додека трет заврши Валтери Ботас од Мерцедес.

Во последните моменти од трката Себастијан Фетел дојде до четвртата позиција претекнувајќи го Луис Хамилтон кој заврши како петти.

За Ферстапен ова беше седма победа во кариерата со која се проби на третото место во генералниот поредок кај возачите со 126 освоени бода,додека на првото место се уште е Британецот Луис Хамилтон, а втор неговиот тимски колега Ботас со 31 бод помалку.

Следната трка во шампионатот на Формула 1 се вози на 14. јули за Големата нагарда на Велика Британија.