Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен славеше на трката за Големата награда на Канада и ја зголеми предност пред конкурентите во борбата за титулата.
За него тоа беше шеста победа сезонава и вкупно 26. во кариерата, а славеше пред Карлос Саинс на Ферари и Луис Хамилтон кој само вторпат оваа сезона се качи на подиумот.
Ферстапен извозе фантастична трка и покра тоа што во последните 20 круга постојано за него беше Саинс со помалку од секунда заостанување. Двајцата имаа различна стратегија бидејќи бранителот на тотулата го искористи првиот период на виртуелното безбедносно возило, по откажувањето на неговиот тимски колега Серхио Перес, да отиде во бокс уште во деветтиот круг, а возачот на Ферари ги смени гумите кога трката вторпат беше прекината поради дефектот на Мик Шумахер.
Сега Ферстапен има 175 бода во генералниот пласман, а го следи Перес со 129 и Леклерк со 126. Следната трка се вози на Силверстоун, за Големата награда на Велика Британија, на 3 јули.