Ферстапен чекори кон титулата, подиум за за Хамилтон

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен е победник на трката за Големата награда на Канада, што се возеше вечерва во Монтреал.

Трката ја одбележа големата борба меѓу Ферстапен и Карлос Саинц од Ферари. Светскиот шампион успеа да одолее на нападите на Шпанецот и да стигне до нов триумф во сезоната, со што ја зголеми предноста во генералниот пласман. Пласман на победничката патека заслужи и Луис Хамилтон, кој ја возеше можеби најдобрата трка оваа сезона во Канада.

Првото возбудување на патеката се случи во осмиот круг, кога откажа моторот на Ред Бул и Серхио Перез мораше да го паркира болидот.

Одличното возење на Луис Хамилтон од почетокот на трката беше крунисано во 23-от круг, кога седумкратниот светски шампион го престигна другиот голем шампион Фернандо Алонсо и стигна до третата позиција, која ја задржа до крајот на трката.

Вечерва одлично возеше и Шарл Леклер, кој поради промени на болидот ја започна трката од претпоследната позиција и стигна до петтото место. Џорџ Расел заврши на четвртото место.

Најмногу возбудувања видовме во последните десет кола. Откако Јуки Кунода излета од патеката, безбедносното возило влезе и му дозволи на возачот на Ферари Карлос Саинц да му пријде на лидерот Ферстапен.

Саинц се обиде да го нападне Макс, беше на една секунда од ДРС зоната, но маестралниот Холанѓанец одлично возеше под притисок и стигна до нова, шеста победа во шампионатот во деветтата трка сезонава.

Ферстапен со нов триумф стигна до 175 бода во генералниот пласман на возачот и со тоа дополнително ја зголеми предноста во однос на второпласираниот, клупскиот пријател Серхио Перез, кој поради откажување остана на 129 бодови. Трет во генералниот пласман е Шарл Леклер од Ферари, кој од Канада дојде до 109 поени со 10 поени.