Ферстапен: Беше тешко, но и забавно против Саинц

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен синоќа стигна до својата шеста победа во годинешниот шампионат во Формула 1.

Холанѓанецот со уште едно одлично возење стигна до победничкиот подиум во трката за Големата награда на Канада во Отава, со што дополнително ја зголеми предноста во генералниот пласман во однос на клупскиот колега Серхио Перез.

Пресвртот на трката се случи во 49-от круг, кога излезе безбедносно возило поради излетувањето на Јуки Кунода.

„Ми помогна излезот на безбедносното возило. Беше тешко да се тркам со Саинц и да го претекнам по второто боксерско патување, иако имав посвежи гуми“, изјави Макс и го пофали ривалот.

„Дадов се од себе, исто како и Саинц. Забележав колку труд вложи, ДРС му ја олесни работата. Крајот беше забавен, за среќа сме брзи на правците“, заклучи Ферштапен.

Следната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози за две недели во Велика Британија, на патеката во Силверстоун.