Ферер ја открива главната состојка за истрајноста на „големата тројка“

Екс шпанскиот тенисер Давид Ферер, зборуваше за доминацијата на големата „тројка“ која и понатаму ги оддржува во живот.

Ѓоковиќ, Федерер и Надал со години се на врвот од светскиот тенис и со своите перформанси не им даваат на помладите да го помирисаат престолот.

Токму на таа тема Ферер се обиде да ја долови ситуацијата или она што ги држи толку долго на врвот.

Мислам дека клучна е нивната мотивација, тоа е она што ги одржува во спортот. Тие исто така се тенски гении, тоа е се поврзано со важноста на добрата исхрана“.

„Доколку обратите внимание, ќе видите дека младите играчи се поретко влегуваат до топ100. Тешко е да видите играчи од 18 или 19 години како освојува АТП турнир, како што јас тоа го правев. Исто така, Новак, Роџер и Рафа знаат точно како да ги планираат турнирите на кои ќе играат“, смета Ферер.