Фердинанд открива: Бев блиску до трансфер кај великанот од Примера

Иконата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, признава дека своевремено додека бил во својата најдобра форма додека играл фудбал, бил блиску до тоа да стане фудбалер на Барселона.

Играчот за кој Јунајтед во 2002 година плати тогаш рекордни 29 милиони фунти за еден дефанзивец, одигра максимално со Јунајтед и успеа да освои се што можеше да се освои.

Но неговата бајка на Олд Трафорд за малку ќе била прекината кога Барселона на чело со Франк Рајкард дошла со понуда за него.

Беше тоа доста близу. Тие разговараа со мојот агент, Барселона ги договараше основите, а јас разговарав со Рајкард, а тоа се случи откако одигравме 0:0 со Барселона во ЛШ, јас и Рајкард разговаравме во тунелот“.

„Јас секогаш зборував дека сакам да заминам во странство да играм, а единствена работа која можеше да ме задржи дома беше тоа да имам успешна кариера во успешен клуб. Имав среќа што пронајдов клуб каков што е Манчестер Јунајтед, па невозможно беше за мене да заминам од таму. Во тоа време Барселона беше во транзиција, Чави, Иниеста и Меси тогаш се уште не беа такви какви што станаа подоцна, така да во тоа време Барселона поинаку изгледаше од онаа силна екипа подоцна“, открива Фердинанд.