Ферари смислил начин како болидот да им биде полесен за врема на трка

Двете најдобри екипи во Ф1 сезонава, Ферари и Ред Бул, се обидуваат на сите можни начини да си олеснат околу своите болиди за претстојната трка во Барселона, која е на распоредот од 22 мај.

Имено, италијанскиот тим прв објави дека подготвиле болид кој е нешто полесен во килограмите од нормалното, што не беше случај во Мајами, нешто што ќе им овозможи на Леклер и Саинц да бидат по 0,3 десетинки побрзи по круг.

Ферари за трката во Шпанија ќе користи нова боја (малку поинаква нијанса на црвено), со цел да ја намалат тежината на Ф1-75 од 0,7 до 2 килограми.

Разликата ќе се види дури по првите извозени кругови на оваа патека, а на одговор од Ред Бул, не се чекаше долго, бидејки и тие најавиле дека нивниот болид ќе биде дури полесен за 3 до 5 килограми.

Ферари како и минатиот викенд на Флорида, ќе има предност во свиоците, додека кај Ред Бул предноста ќе биде на правците.