Ферари се грандиозни циркузанти: Го повикаа Леклер во бокс, тој влезе – па му рекоа да остане надвор!

Ферари некако успеа да му ја упропасти трката на Шарл Леклер и во неколку круга втор пат да го повика за менување на гуми со кои би останал до крај на трката на патеката.

Интересно беше тоа што конфузијата во боксот на Ферари на крајот ќе ја плати Леклер, кој беше пред Верстапен и беше сепак во добитна комбинација да ја намали бодовната разлика, а сега Верстапен е пред Леклер поради инцидентната ситуација во боксот.

Бокс, бокс, во еден момент се слушна на тимското радио…

Леклер беше блиску до боксот и влезе, а само што влезе, му рекоа да не влегува и да остане надвор, на што Леклер бурно реагираше.